Борецот секогаш ќе најде начин да извојува победа


Од постоењето на човекот се појавува желба за истражување на непознатото, пробување на забранетото.
Ако секое лошо е за добро, тогаш човекот ќе најде време да истрае, ќе најде начин поинаку да ги реализира своите цели.
Таа е борец, соборец, жена со лавовско срце. Нејзина мисија е да им помага на болните од канцер, нејзината борба е мисионерска, нејзиниот животен повик ја однесе зад железните решетки под железната палка на органите за прогон.
Таа е Моника Конопова.

  1. Кога се запозна со својствата на канабисот и што те натера да се занимаваш со производство на масло од канабис?
  • Научно започнав да го истражувам канабисот уште пред да го пробам за прв пат, а тоа беше уште кога имав 15 години. Уште тогаш на повеќе места слушнав дека канабисот има лековити својства и многу ми пречеше општоптифатениот мит дека е „дрога“, па така се заинтересирав и започнав да истражувам и ја сфатив цела приказна што се крие позади забраната. Кога забележав на своја кожа како ми помага во секојдневието, ми го подобрува расположението, апетитот, ми помага во учењето, ми ја подобрува меморијата, ми го подобрува сонот, се уверив дека нè лажат и добив огромна желба на сите да им ја кажам вистината! Потоа консумирањето канабис ми помогна кога имав 21 година полесно да го пребродам разделувањето со една сакана личност и ме спаси од навлекување на тешки антидепресиви и од самоубиствени мисли, ме врати во живот. Тоа ми беше уште една потврда дека е вистински лек и зошто е забранет. Како поминуваше времето почнав да стапувам во контакт со други познати активисти од целиот свет, со професори и доктори кои се залагаат за легализација, па решив да ги отворам страниците и блогот, каде што започнав да објавувам научни студии и истражувања, фотографии од соборците, извадоци од стручна литература за канабис, искуства на одгледувачи од целиот свет и пред сè искуства на пациентите кои успеале да се излечат од тешки болести, како канцери, мултиплекс склероза, епилепсија итн. со домашно подготвени екстракти од канабис. Нивните приказни ме трогнуваат и бидејќи сум новинар по образование, уште многу одамна одлучив да ги објавувам нивните приказни секако со нивна дозвола. Поради тоа што сочувствував со нив и со нивниот проблем во доаѓањето до квалитетен екстракт, сама се дрзнав да им помагам во тоа. Така започнав да го правам маслото за нив во нивните домови и со тоа ги обучував како самите потоа да можат да си го прават. Сега повеќе не смејат тоа да го правам, но им помагам со моите совети и насоки околу дозирањето и изработката.
  1. 2. Твојата појава и дејност предизвикува револт како кај органите за прогон така и кај граѓаните кои не ја сфаќаат твојата мисија за помош на болните од канцер. Дали и после издржаната казна добиваш навреди и закани?
  • Заканите и навредите никако не престануваат, можам да кажам дека сега сум уште повеќе ставена на мета на потсмев од страна на простодушните неинформирани противници, на оние со ниска интелигенција и непродуховените. Но, токму поради тоа и не им се лутам, им простувам, затоа што истите тие кога ќе им затреба некоја информација околу канабисот, ми се извинуваат и ме бараат да им објаснам некои работи, на тој начин сфаќаат колку биле во заблуда, тогаш сфаќаат дека јас сум на некој начин експерт во оваа област, бидејќи имам многу знаење и искуство од семка до екстракт (и самата порано одгледував канабис) и сфаќаат дека плукале интелектуалец, кој постојано искажува проверени научни вистини. За среќа исто така, колку што има ругање, толку има и силна поддршка. Сега има многу повеќе пофалби и поддршка, во споредба со периодот кога започнав со канабис активизмот. Луѓето се освестуваат! Одиме напред!
  1. 3.Од денот кога излезе од затвор престана да се занимаваш со производство на масло. Дали сега твојата мисија ја извршуваш на поинаков начин?
  • Масло не правам повеќе, но им објаснувам на сите кои сакаат да знаат како самите да си го направат, им праќам видеа со објаснувања, им ги кажувам финтите, на што да внимаваат кога го подготвуваат. Продолжувам да шокирам со некои постапки сè со цел да привлечам поголемо внимание врз себе за што е можно повеќе болни да стигнат до информациите коишто ги пласирам секојдневно за канабисот, до сите факти, упатсва за употреба, истражувања, проверени совети за дозирање, препораки од професори и научници кои ја истражуваат оваа област. Тоа го правам на социјалните мрежи, преку страниците на Здружението за демистификација на канабисот „420 Македонија – Скопје“, на блогот:
    https://420macedonia.blogspot.com/
    https://www.facebook.com/420macedonia
    https://twitter.com/420Macedonia
    https://www.instagram.com/420macedonia/
    Како и едукативни видеа и интервјуа со познати личности на нашиот Јутуб канал на 420 Macedonia: https://www.youtube.com/channel/UCI9v_2DBHfM9xm8qX95niOA
    Исто така, снимам видеа како чи читам статиите, за оние помрзливите кои не се по читањето, туку претпочитаат да слушаат научен материјал со убава музика во позадина. Им објаснувам на пациентите каков сооднос на канабиноидите во маслата е најдобар за нивните дијагнози. За канцери и мултиплекс склероза треба многу ТХЦ, за епилепсии и аутизам треба многу ЦБД… Им испраќам на заинтересираните корисна научна литература за канабисот што ја собрав низ годиниве. Им објаснувам дека комерцијално достапните екстракти и тинктури во аптеките не се лоши, но се преслаби за да би имале моќ целосно да излечат било што… Тоа е разредена варијанта – изолат – канабиноидите изолирани немаат таква моќност како целосните домашни екстракти, поради ефектот на придружба – синергискиот ефет, бидејќи сите активни состојки во канабисот меѓусебно си помагаат си прават пат една на друга кога делуваат преку ендоканабиноидниот систем со рецептори, којшто сите вродено го имаме во нашите тела! Купечките масла се добредојдени, но се преслаби. Па, затоа болните и понатаму се осудени да бидат криминалци и да го набавуваат лекот од црниот пазар и да бидат изложени на дејството на органите за прогон…
  1. 4.За твојот херојски живот и дело се подготвува документарен филм. Кога ќе можеме да го погледнеме на малите екрани?
  • Сега ја прашав режисерката Василка Аврамовска на документарниот филм за мојата активистичка борба, која воедно ми е и колешка од факултет, каде што јас магистрирав филмска продукција. Ми кажа дека филмот би бил готов до крајот на оваа година и најпрво ќе биде биде емитуван по филмските фестивали.
  1. 5.Која е продѕкцијата која реши филмски да го забележи животот и делото на Моника?
  • На ова прашање срцка не можам сега да дадам информации, продуцентот одби сега за сега повеќе детали да се објават, ова да го скокнеме…
  1. 6.Познавајќи те тебе како амбициозна и вредна личност знам дека целосно си посветена во создавањето на нешто што ќе остави твој белег. Дали магистерските студии по филмска продукција го зголемија твојот работен ангажман во создавањето на филмот?
  • Па, на некој начин сметам дека ќе можам и јас да придонесам во создавањето на филмот, постојано им давам некои идеи, но и многу учам низ целиот тој процес и го повторувам моето теоретско знаење. Тие се професионални и ќе имам прилика да ја развијам мрежата на филмски контакти пред сè. Тоа за мене ќе биде невидено практично школо за снимање филм, покрај формалното образование и уличното школо во времетраење од една година во КПУ Идризово.
  1. 7.Поголемиот дел од затворениците во Македонија се соочиваат со проблем при наоѓање на работа после излегувањето од затвор. Дали си размисливала да создадеш проект преку кој поранешните затвореници ќе ги покажат своите таленти пред лицето на јавноста?
  • Да бидам искрена, таа мисла повеќе пати ми се вртеше низ глава додека бев таму и додека по цели денови гледав во ѕид или во таван, кога не можев да читам книги. Не ги осудувам осудениците за нивните дела, секој има право на грешка, имале свои причини да ги сторат делата, но таму сватив што се вистински злосторници, злобници и злонамерници… Цела година бев опкружена со убијци, крадци, разбојници, во крајно нехумани мизерни услови, со бубачки насекаде, лоша и оскудна храна (една сардина и нарезок се дели на две порции) искршени прозорци и генерално понижувачки однос од страна на затворската полиција – тоа мора да се подобри. За среќа не се сите осуденици такви, се сретнав и со нормални луѓе со големо срце и душа како мене, кои ете од икс причини се нашле таму, кои ми останаа до ден денес пријатели. За мене лично не верувам дека ќе имам проблеми во наоѓањето работа, затоа што имам квалификации и високо образование и сакам легално да работам во канабис индустријата во Македонија, во областа заради која бев притворена, бидејќи немав „лиценца“ и тоа што ми се случи е само пат кон остварување на таа цел. Што се однесува до затворениците, запрепастена сум од бројот на необразовани! Има затворенички кои не знаат ни самите да се потпишат, а нашава држава не прави ништо во врска со тоа… Се одржуваат курсеви за пекари, за фризери, за готвачи, но за жал не постои начин барем оние со поголеми казни да имаат можност забрзано да го завршат основното образование, барем да научат да читаат и пишуваат додека се таму и да излезат од таа поправна установа со неков сертификат за завршено основно образование, со што би можеле да најдат некаква работа многу полесно… Токму поради тоа и се осудени да станат повратници, да го повторат делото, бидејќи мораат да се прехранат и некако да опстанат… Со тоа можеби би се занимавала понатаму во животот, како една од моите следни мисии и решена сум дека кога јас ќе имам мој бизнис, предност ќе им давам токму на лицата коишто биле во затвор!
  1. 8.Сам против сите. За некого тешко за тебе предизвик. Како што поминува времето така бројот на твоите подржувачи се зголемува. 420 Македонија е организација која има свој блог, соработници, подржувачи а наскоро и своја песна. Дали си горда на она што го имаш направено до сега?
  • Таа песна ќе биде химната на здружението, химна на конопот, химна за слободата на најсветото растение. Премногу сум горда и постојано настојувам да се усовршувам во сè што правам, размислувам за некои други идеи и начини како да го насочам активизмот и не се каам за ништо до сега што сум направила, ако можам да го вратам времето – би направила и тројно повеќе од сè до сега! Конопот се корстел во медицината од дамнешни времиња сè до забраната во 1936 година, поради злобната фармацевтска индустрија… Мора да го ослободиме!
  1. 8.Навредувана, осудувана, етикетирана а сепак полна со позитива енергија, ведрина и ентузијазам. Од каде ја собираш таа позитива која несебично им ја даваш на своите соборци?
  • Ако ми удриш шлаканица, јас ќе ти го свртам другиот образ. Тие ме гаѓаат со камења, јас нив со леб. Таа позитивна енергија едноставно ја канализирам од Бога. Космосот/Универзумот, светците, ангелите и сите нефизички позитивно поларизирани битија ми даваат сила, затоа што ова божјо растение кое од злобните луѓе кои му служат на Лукавиот е демонизирано, мора конечно да биде ослободено! Бог ни го дал секое растение со семе во својот плод да ни биде храна, ова го пишува и во Светото Писмо! Противник сум на категоризацијата на Канабисот како наркотична супстанца, бидејќи Канабисот е лековито билно Свето растение, кое не може да ти наштети, а може само да ти помогне.
  1. 9.Многумина те етикетираат со лоши зборови, а не знаат дека ти си поборник за здрав живот и водење ментална хигиена. На твоите јавувања во живо често знаеш да препорачаш одредена техника за ментална гимнастика и ментално здравје. Дали проучувањето и користењето на методите за ментално здравје ти помага во твојата ведрина и смиреност?
  • Точно, да! Се залагам за здрав начин на живот и лекување на природни начини, не само со канабис, туку поборник сум и на псилоцибин и други алтернативни методи, а противник сум на синтетичките лекови кои само те прават зависен – едно ти поправаат, три други работи ти расипуваат во телото… Ако водиме здрав начин на живот, нема ни да се разболуваме. Канабисот треба да го сметаме како дел од здравата храна, како здрав зачин, суплемент. Да беа вакцините добри – ќе растеа на дрво… Се хранам здраво, спортувам, гледам доволно да спијам и работам (духовно) на себе постојано. Иако не дозволувам омразата и негативата упатена према мене да ми влијае, сепак сум само човек од крв и месо, не сум од камен и сум голем емотивец по природа. Слушањето на духовните мотивациски говорници како Ахрахам Хикс, Боб Проктор, Луиза Хеј, техниката ЕФТ тапкање, медитирањето, позитивните афирмации, филозофиите претставени во книгите на Ниче Димовски постојано ми даваат сила! Ме интересираат приказните за успех на познатите личности (сите имале огромни пречки на патот до успехот) и научив дека сè што ќе си замислиш се остварува порано или подоцна, па и подобро отколкуј што си замислил, со техниките на визуелизација и живеење како тоа веќе да е остварено и секојдневно се уверувам во тоа. Слушањето на музика за медитирање, позитивни фреквенции и звуци на водопади и природа ме смируваат ми ја чистат душата, зашто понекогаш во мене знае да се акумулира агресија и бес и со тоа имам мал проблем понекогаш, за среќа канабисот ми помагаше и во тоа, но за жал сега откако излегов од затвор – лишена сум од тоа лековито задоволство, бидејќи се плашам повторно да не завршам зад решетки…

11.Кој дел од исполнувањето на твоите цели и мисии најмногу те радува?

  • Кога некој од пациентите ќе ми ги покаже резултатите пред и после терапија со масло од канабис! Кога ќе ми каже дека болеста е во ремисија или кога ќе ми каже некој сосема случајно: „БРАВО! Јас го користам канабисот за тоа и тоа и ми помага или мене канабисот ме спаси од смрт, од операција од штетни лекови кои можеа да ми оштетат некој друг орган, мене канабисот ми помогна да се излечам од рак без хемотерапија, без да ми падне косата!“. НЕМА ПОГОЛЕМА НАГРАДА ОД ТОА! Кога тоа ќе го слушнам, секогаш се расплакувам од среќа! Сите тие деца, сите тие фотографии од ужасни здравствени состојби што низ годините ги видов, ме трогнуваат и уште повеќе ме приморуваат да се борам, особено кога ќе слушнам дека им е подобро или оздравеле целосно!
  1. Што е најважно човек да поседува пред да се фати во костец со било каква борба?
  • ВЕРБА и ИСТРАЈНОСТ се двете најважни работи! Потоа храброст, упорност, пожртвуваност или можеби и по малку „лудост“, креативност и уникатност во размислувањата, треба да се биде пред сè добар слушател за нови идеи, за туѓите проблеми. Треба да се биде подготвен постојано да се учи и да се биде прилагодлив. Треба да си снаодлив и да умееш да се камелеонизираш и да бидеш отворен за секаков вид на креативна соработка.
  1. Дали досегашното искуство те направи посилна и посигурна во себе?
  • Да секако, особено тешките моменти, притворот и затворот ме направија многу посилна и практично несрушлива личност. Некои можеби на тоа што ме осудија гледаат како пораз, но тоа е само една битка. Јас на тоа гледам како успех, затоа што сум спремна дури и да загинам за моите идеали. Борбата во којашто јас сум секогаш во првите фронтови како камиказа не е завршена, ќе заврши кога повеќе нема да се оди во затвор за мала количина на канабис за лична употреба и кога пациентите ќе можат самите да си го прават лекот исто така без да бидат прогонувани и апсени!
  1. Која е твојата формула за успех?
  • Никогаш не се предавај! Остани позитивен и моли се кога ти е тешко и кога ќе ти дојде да плачеш, исплачи се ама воедно и смеј се затоа што после дождот доаѓа сонце! Универзумот секогаш е на твоја страна и ништо не е случајно и секое лошо е за поголемо добро. Го менуваме светот СЕГА, бидејќи вчера е историја – од вчерашниот ден учиме, утре е мистерија – не знаеме што ќе се случи утре, но утрешниот ден го креираме во МОМЕНТОТ.
    Кога бев дете ми беше криво зашто јас да не бидам избрана како Исус. Сега знам дека имало многу Исусовки и Исусовци, а само тој е земен за пример. Сега знам дека јас од секогаш сум била Исус. Секој од нас е Исус. И ти си Исус. Сите можеме сè што правел тој и дури и повеќе од тоа и сите треба да тргнеме по тој пат – патот на вечната светлина, љубов и добрина!!! Фактички сите сме избрани, само не сме свесни за тоа. Сите треба да правиме добри дела, т.е. да го правиме она што сакаме нам да ни биде правено и да не го правиме она што не сакаме нам да ни го прават – правилото е едноставно. Како зрачиме, тоа и го привлекуваме. Сè се враќа, се се плаќа.
  1. Што ќе им препорачаш на читателите и на твојата армија?
  • Само обединети сме посилни да дадеме поддршка на медицинската, рекреативната и спиритуалната употреба на канабисот и индустриската употреба на Конопот во Македонија и ширум светот. Им препорачувам да ме следат на социјалните мрежи, да покануваат пријатели на страниците, да ги споделуваат моите објави за канабисот, активно да се вклучуваат во дискусиите на оваа тема. Само така побрзо ќе се случи промената, кога сите ќе бидат информирани и едуцирани за канабисот, само така ќе се демистифицираат табуата и ќе се разбијат лагите, за потоа сите заедно да станеме за да се промени законската регулатива, за канабисот повеќе да не се става во ист кош со штетните синтетички супстанци кои лесно можат да се злоупотребат, да те направат зависен и да те убијат. Канабисот е 100% безбеден, нула смртни случаи до сега, а безброј оздравени и само да ги потсетам дека секоја употреба е медицинска, рекреативната употреба е превентивна затоа што секој внес на канабиноиди во организмот е добредојден и корисен за телото и мозокот, нè заштитува од болести. Отворена сум за нови идеи, слободно нека ги споделуваат со мене нивните сугестии и ги охрабрувам пациентите да не молчат веќе! Ги охрабрувам да ги споделуваат нивните приказни јавно, преку интервјуа со мене за сите да се уверат во моќта на леков! Постојано треба да се зборува јавно за канабисот, само така побрзо ќе успееме. Не ми верувајте! САМИТЕ ИСТРАЖУВАЈТЕ: Patent #6630507 Google it!

Ти благодарам што посвети време да одговориш на прашањата. Ти посакувам многу успешни проекти и награда за животно дело.

  • Јас ти благодарам од сè срце што секогаш даваш значење за важните теми во општетсвото, теми кои се занимаваат со освестување и промена на системот во кој живееме кон подобро, ти благодарам што допринесуваш во креирањето на поубав свет, свет полн со љубов и разбирање, каде што ќе царува вистината, а не митовите, предрасудите, табуата и лагите! Ти благодарам и ти се поклонувам што се заинтересира за канабисот, што си свесна дека во канабисот е иднината на практично сите индустрии, не само медицината и што одвои простор за ова интервју на твојот прекрасен и оригинален блог и со самото тоа помагаш во борбата и ги поттикнуваш сите уште повеќе да размислуваат за конопот! Канабисот е докажан лек, без разлика дали си против или си за! 420!